Tuesday, April 16, 2013

Знам

Ако за луѓето имам чуден впечаток. За останатото опкружување ова ми оди низ глава:
„Знам и можам да докажам. Знам од каде потекнуваат економиите и од каде доаѓа нивната миризба. Миризбата на успех и победа. Го знам мирисот на профит. Знам. А вистината на светот не зема затвореници затоа што гнети се` и го претвора во доказ. Не и` требаат дупли проверки или да отпочнува истраги. Набљудува, размислува, гледа, слуша. Знае. Не осудува на затвор и сведоците не ги повлекуваат своите изјави. Никој не се покајува. Знам и можам да докажам. Знам каде завршуваат страните од економските упатства и нивните фрактали мутираат во материјални нешта, железо, време и договори. Знам. Доказите не се скриени на УСБ закопано длабоко под земја. Немам компромитирачки видеа скриени во гаража во некое недостапно планинско село. Ниту пак поседувам копии од документи на тајната служба. Доказите се непобитни затоа што се лични, снимени со мои очи, раскажани со зборови, обоени со емоции кои одѕвонуваат од железото и дрвата. Гледам, слушам, набљудувам, зборувам и така сведочам, грд збор што се`уште е од корист кога шепоти „Не е вистина“ во увото на оние кои ги слушаат ритмичките успиванки на моќта. Вистината е сепак лична; да можеше да се сведе на формула ќе беше хемија. Знам и можам да докажам. Па кажувам. За овие вистини“(Позајмено од „Гомора, другата италијанска мафија“ Роберто Савиано)


No comments:

Post a Comment