Friday, April 19, 2013

Состав на тема пролетта во мојот град за 5 одд


Пролетта во мојот град

Беше прекрасно мартовско утро. Лудувањата штотуку завршија. Марта заклучи дека па и не е до толку паметно да се зафркава со снегот и реши да се опушти и да ја отпушти зимата. Пуф! Го расцуте дрвцето пред солитерот во Капиштец. Паф! Ги извади масите и столиците на Широк Сокак. Зум! Им турна понекоја идеја на луѓето во главите. Понекоја корисна, дека треба да излезат да фатат малку сонце, да ги остават виртуелните бавчи на Фејсбук и да покопаат во сопствените дворови. Да ги спремат за лалињата и зумбулите.  Да излезат на понекое сончево кафе. Имаше и понекоја тотално бескорисна идеја, на пример да работат ноќе дење ко Сизифи оти напролет сите биле попродуктивни па дури и Сизифите....тотално бескорисно...
Зум! Ги (с)облече Марта децата. Флуп! Им ги тупна точаците и ги пушти да прават ќеф низ паркот. Пуф! Ја судри девојката со фраерот од соседната зграда и ги прати во паркот да уживаат! Врууууммм!  Ги растрга облаците и ги осветли боите на градот, барем онаму каде што можеше.
Ги погледна Марта своите дела. „Не е лошо ко за почеток “ си рече..
При крајот на денот, ги прати битолчани горе на Кркардаш да се видат, да си го видат градот да се потсетат колку си го сакаат. А скопјани ги прати да прошетаат да се видат да си го видат градот, да го погалат да му речат голем си, страшен си, наш си, те сакаме. 

No comments:

Post a Comment