Пролетта во мојот град
Беше прекрасно мартовско утро. Лудувањата штотуку завршија.
Марта заклучи дека па и не е до толку паметно да се зафркава со снегот и реши
да се опушти и да ја отпушти зимата. Пуф! Го расцуте дрвцето пред солитерот во
Капиштец. Паф! Ги извади масите и столиците на Широк Сокак. Зум! Им турна
понекоја идеја на луѓето во главите. Понекоја корисна, дека треба да излезат да
фатат малку сонце, да ги остават виртуелните бавчи на Фејсбук и да покопаат во
сопствените дворови. Да ги спремат за лалињата и зумбулите. Да излезат на понекое сончево кафе. Имаше и
понекоја тотално бескорисна идеја, на пример да работат ноќе дење ко Сизифи оти
напролет сите биле попродуктивни па дури и Сизифите....тотално бескорисно...
Зум! Ги (с)облече Марта децата. Флуп! Им ги тупна точаците и
ги пушти да прават ќеф низ паркот. Пуф! Ја судри девојката со фраерот од
соседната зграда и ги прати во паркот да уживаат! Врууууммм! Ги растрга облаците и ги осветли боите на
градот, барем онаму каде што можеше.
Ги погледна Марта своите дела. „Не е лошо ко за почеток “ си
рече..
При
крајот на денот, ги прати битолчани горе на Кркардаш да се видат, да си го
видат градот да се потсетат колку си го сакаат. А скопјани ги прати да
прошетаат да се видат да си го видат градот, да го погалат да му речат голем
си, страшен си, наш си, те сакаме.